Со Мицкоски се договоривме да работиме на реформската агенда, повторно повикувам на лидерска средба, вели Филипче

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче појасни дека на вчерашната средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се договориле да соработуваат во однос на реформската агенда за Планот за раст во која првата група закони се од областа на правосудството, енергетиката, културата и дигитализацијата.

Филипче уште еднаш повика на средба со лидерите на сите парламентарни партии, вклучувајќи ги и партиите на Албанците. Повторно негира дека станува збор за моноетничка средба, нагласувајќи дека кога станува збор за интересот на државата партиите не треба да се делат.

„ Средбата помина добро и морам да кажам контруктивно. Донесовме заеднички став да го почнеме, да најдеме начин на којшто ќе работиме на реформската агенда, како никогаш досега по примерот на развиените демократии. Шведска има таков пример, Германија има таков пример, ние и понатаму ќе бидеме политички различни, но кога станува збор за државата мора да седиме сите заедно и да ги решаваме проблемите. Никој нема доволен човечки капацитет и потенцијал за кратко време нешто да сработи. И во таа смисла мораме да се обединиме за најважните прашања“, рече Филипче.