Кинеските царини за американскиот увоз би можеле да го попречат снабдувањето со важни лекови

Одговорот на Кина на новите американски царини може да го отежне снабдувањето со важни лекови, покажа анализата на Reuters на податоците од кинеските регулатори.

Пред околу две седмици, американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни „реципрочни“ царини од 34 отсто за увозот од Кина, со што вкупните давачки ќе достигнат 54 отсто. Кина возврати со царини од 34 отсто на американскиот увоз, а Вашингтон возврати со уште повисоки царини. Ескалацијата на американско-кинескиот трговски конфликт резултираше со тоа што Кина ги зголеми царините за американските стоки на 125 отсто, а американските царини за кинеските производи скокнаа на 145 отсто.

Големите фармацевтски компании, вклучувајќи ги „AstraZeneca“, „Sanofi“, GSK и „Eli Lilly“, имаат најмалку една производствена локација во САД за лекови што ги продаваат во Кина, покажаа податоците од Кинеската управа за медицински производи.

Во упогонот во американската сојузна држава Индијана, „AstraZeneca“ го произведува лекот за рак „дурвалумаб“, а „Eli Lilly“ таму го произведува лекот за дијабетес и слабеење „тирзепатид“, покажуваат податоците.

Американската сојузна држава Северна Каролина е наведена како локација каде „AstraZeneca“ и „Sanofi“ го произведуваат произведуват антитела за превенција на респираторниот синцицијален вирус (RSV) „нирсевимаб“. Објектот што го произведува лекот за ХИВ на GSK со активни состојки „ламивудин/долутегравир“, исто така, се наоѓа таму.

Податоците што ги анализира Reuters не прецизираат колкав дел од лековите произведени во фабриките во САД се испорачуваат во Кина.

Како одговор на истрагата на Reuters за кинеските царини и нивните ефекти, портпаролот на „Eli Lilly“ рекол дека тие „сè уште ги разгледуваат деталите“, одбивајќи дополнително да коментира.

Ниту „AstraZeneca“, ниту GSK не сакале да ги коментираат кинеските царини, а од „Sanofi“ не одговориле на барањето на Reuters за коментар.

Експертите предупредуваат дека кинеските царини за американските производи може да доведат до зголемување на цените или ограничување на набавката на некои лекови.

„Пациентите и потрошувачите во Кина, исто така, би можеле да ги почувствуваат ефектите од тарифите, во зависност од производот, бидејќи производството на лекови не може да се премести на краток рок“, вели Ерик Јандраситс, шеф за трговски работи во швајцарското деловно здружение за фармацевтска и биотехнологија Scienceindustries.