Лига на шампионите: Реал елиминиран по двата пораза од Арсенал, Интер со реми се одбрани од Баерн

Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако и во реваншот во Мадрид го совладаа Реал Мадрид со 2:1, со што англискиот тим го потврди својот пласман уште со победата од 3:0 од првиот натпревар.

Арсенал поведе со голот на Букајо Сака 65., а израмни Винисиус Жуниор двемиити подоцна, пред Габриел Мартинели во тратта миниуа од судиското продолжение да му ја донесе победата севкупната победа на Арсенал. Треба да се одбележи и дела во 13. минута Букајо Сака промаши пенал.

Долго време во Мадрид се најавуваше пресврт и искупување за поразот од Лондон, но не се зборуваше за „ремоделирање“. Всушност, Реал го одигра еден од најслабите натпревари во сезоната во кој речиси никогаш не се закани сериозно кон голот на англискиот тим. Арсенал уште еднаш покажа дека има противигра за шпанскиот тим полн со ѕвезди, кој се многу, многу полесно од очекуваното се бранеше и со победата го потврди третото полуфинале во Лигата на шампионите.

Пред 80.000 фанатични гледачи и затворениот покрив на Бернабеу, Реал тргна кон победа и чудо, но првата шанса ја имаше Арсенал. Сака влезе во средината и упати опасен удар од 20 метри кој Тибо Куртоа едвај го одбрани. Во 13. минута лондонскиот тим беше досуден пенал откако Раул Асенсио го собори Микел Мерино по интервенција на ВАР. Сака многу лошо го изведе пеналот, а Куртоа го одбрани неговиот обид за „Паненка“.

Во 23. минута францускиот судија досуди пенал за Реал затоа што Деклан Рајс со двете раце го држеше околу половината Килијан Мбапе, но проверката на ВАР траеше пет минути, по што одлуката беше поништена поради офсајд.

Се чини дека оваа одлука предизвика уште поголема нервоза на теренот, особено кај играчите на Реал кои направија неколку остри стартови. Од друга страна, мадридскиот клуб не направи речиси ништо позначајно., а во судиското надополнување на првото полувреме повторно беше спасен од Куртоа, кој го одбрани опасниот удар на Мартинели.

Почетокот на вториот дел не донесе никаков напредок во бескрвната игра на Реал, а Арсенал по долга акција поведе во 65. минута. Микел Мерино асистираше, а Сака одлично ја поткопа топката и се искупи за промашениот пенал. Не минаа ни две минути подоцна а Реал израмни, но не од некој одличен потег, туку по грешка на дефанзивецот Салиба, кому Винисиус му ја одзеде топката и ја испрати во празна мрежа.

Лука Модриќ влезе во игра во 73. минута, но играта на Реал не се подобри. Во третата минута од судиското надополнување, Арсенал дојде до победата, откако Бразилецот Мартинели, по додавањето на Мерино, побегна од одбраната и го совлада Куртоа.


Фудбалерите на Интер се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако ремизираа 2:2 (0:0) против Баерн во реваншот од четвртфиналето на својот стадион „Џузепе Меаца“ и на тој начин ја одбранија предноста од 2:1 што ја стекнаа пред осум дена во Минхен.

Баерн поведе во 52. минута со голот на Хари Кејн, а потоа домашните одговорија со головите на Лаутаро Мартинез во 58. минута и Бенџамин Павард во 61. минута за водство од 2:1. На 2:2 израмни Ерик Диер во 76. минута.

Гостите од Минхен уште од стартот на средбата покажаа желба што поскоро да постигнат гол, кој би им донел резултатски баланс во збирот на двата натпревара. Во 3. минута поранешниот играч на Баерн, Бенжамин Павар спречи евентуален гол на гостите блокирајќи го ударот на Микел Олисех, а во 6. минута Јан Зомер одбрани опасниот обид на Томас Милер.

Симоне Инзаги реши неговиот тим да биде компактен во одбраната и да се обиде да се закани во контранапад, користејќи ја брзината на Лаутаро Мартинез и Маркус Турам. Токму овој му намести сѐ на Федерико Димарко во 9. минута, кој шутираше дијагонално од левата страна од работ на шеснаесетникот, но Јонас Урбиг успеа да го одбрани ударот.

Потоа минаа 20 минути без поголеми возбудувања, а по слободниот удар на Димарко, Ачерби лошо ја зафати топката во шеснаесетникот, а Турам исто така не успеа навреме да се пролизга и да ја смести топката во мрежата.

Баерн повторно се закани во 36. минута, кога Лерој Сане и Томас Милер имаа шанси во шеснаесетникот, но двата удара беа блокирани од домашните дефанзивци. Потоа Џошуа Кимик минута подоцна го испроба својот удар, на што беше подготвен Зомер, исто како во 39. минута кога шутираше Сане.

Статистиката на првото полувреме, исто како и впечатокот, беше на страната на гостинскиот тим, но тоа не беше видливо во вкупниот резултат, кој сепак беше на страната на Интер.

Но тоа се смени во 52. минута. По долго проигррување на играчите на Баерн, Леон Горецка ја додаде топката во шеснаесетникот, каде Хари Кејн остана сам против Димарко од десната страна. Најдобриот стрелец на Баерн ја турна топката малку надесно и ја испрати со полна нога низ нозете на Димарко и во спротивната „мала мрежа“ за водство на Баерн на „Џузепе Меаца“.

Радоста на Винсент Компани, неговите играчи и навивачите на Баерн брзо се претвори во очај, бидејќи Интер одговори со два брзи гола. Во 58. минута, умешната и брза реакција на Лаутаро Мартинез му донесе израмнување на Интер. Капитенот на „Нераѕурите“ по изведениот корнер упати лош удар од 7-8 метри, кој потоа се одби од Кимих, повторно до ногата на Аргентинецот, кој без двоумење шутираше и ја погоди мрежата за 1:1.

Само три минути подоцна Интер го постигна резултатот кој го славеше пред осум дена на „Алијанц Арената“. На спротивната страна, од десната страна, Хакан Чалханоглу изведе корнер, а во висина на шеснаесетникот Павар го прескокна корејскиот стопер Ким и со глава ја заби топката под гредата.

Како што е вообичаено за германските клубови, Баварците не се предадоа и нивните напори беа наградени во 76. минута. А таа акција започна со удар од корнер, по што Серж Гнабри ја прими топката од десната страна. Неговиот центаршут кон спротивната статива делуваше премоќно, топката одлета кон голот, но Ерик Диер изведе вистинско ремек дело. Англискиот стопер ја фати топката со глава речиси од мртов агол, се чинеше дека ја враќа кон средината на шеснаесетникот, бидејќи таква му беше позицијата. Сепак, топката во висок лак го прелета голманот Зомер, избегна контакт со гредата и заврши во мала мрежа покрај спротивниот гол. Баерн израмни и се врати во игра.

Сепак, во преостанатото време Интер успеа да се одбрани и со тоа да избори пласман во полуфиналето каде миланскиот тим ќе се соочи со Барселона. Првиот натпревар ќе се игра во Барселона (29 или 30 април), а реваншот во Милано (6 или 7 мај).