
Кошаркарите на Мајами Хит и Далас Маверикс победија на гости кај Чикаго Булс односно Сакраменто Кингс и со тоа останаа во игра за влез во овосезонскиот НБА плејофот.
Мајами ја започна плејин фазата од плејофот од последната десетта позиција, но убедливо го победи Чикаго со 109:90 на гости, додека и Далас како десетти славеше ноќта кон четвртокот. Победи на гостувањето кај Сакраменто со 120:106.
Мајами уште еднаш ќе гостува во Атланта, овојпат во битката за осмата позиција пред плејофот а победникот во првото коло ќе оди кај Кливленд, додека Далас ќе гостува кај Мемфис, а победникот од таа средба во првото коло ќе оди кај Оклахома Сити, најдобриот тим во Западната конференција.
Мајами доминантно го отвори натпреварот против Чикаго и така одигра до крајот. Домашната одбрана попушти во сите правци во првото полувреме, па Чикаго прими дури 39 поени во првата четвртина, а 32 поени во вториот дел.
Мајами имаше постојано водство од повеќе од 20 поени од средината на втората четвртина. Во третата четвртина Чикаго малку се доближи, пред последните 12 минути домашните заостануваа со 14 поени разлика, но Чикаго не стигна подалеку од тоа.
Кај Мајами одличен беше Тајлер Херо кој постигна 38 поени со четири асистенции и пет скока. Ендрју Вигинс постигна 20 поени со девет скока, а Бо Адебајо имаше 15 поени со 12 скока. Кај Чикаго најдобар беше Џош Гиди со 25 поени и 10 скока, додека Никола Вучевиќ запиша 16 поени и 12 скока.
На многу сличен начин Далас го надигра Сакраменто на гости, а мечот беше решен во втората четвртина која Далас ја доби со огромни 44:19. Далас на пауза замина со големо водство од 71:48. Далас рутински го одржуваше водството и на тој начин го продолжи патот кон можното осмо место на Западот.
Ентони Дејвис го предводеше Далас со 27 поени, девет скока и три блокади, додека Клеј Томпсон постигна 23, со 5-7 за три поени и пет скока. Единствен на високо ниво кај Сакраменто беше Демар Дерозан кој постигна 33 поени со седум скока, додека Зек Лавин додаде 20 со девет асистенции.
НБА плејоф/плејин:
Чикаго (9) – Мајами (10) 90:109
Сакраменто (9) – Далас (10) 106:120
Двојки во НБА плејофот:
Источна конференција:
Кливленд (1) – Атланта или Мајами (8)
Бостон (2) – Орландо (7)
Њујорк (3) – Детроит (6)
Индијана (4) – Милвоки (5)
Западна конференција:
Оклахома Сити (1) – Мемфис или Далас (8)
Хјустон (2) – Голден Стејт (7)
ЛА Лејкерс (3) – Минесота (6)
Денвер (4) – ЛА Клиперс (5)