Долги колони на граничниот премин „Богородица“

Долги колони има на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава утрово.

Голем дел од граѓаните решија најголемиот христијански празник Велигден да го прослават кај јужниот сосед.

„На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути“, известува АМСМ.