Протестен марш „Задоцнета реакција“ утре во Кочани на семејствата на настраданите во пожарот

В сабота, 19 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи трет протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.

Маршот ќе започне од Градскит парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.

-На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија  кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено  организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го  почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение.

Протестниот марш е трет по ред, откако претходните две саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.