Голема награда на Саудиска Арабија: Макс Верстапен на пол-позицијата

Холанѓанецот Макс Верстапен, 27-годишниот возач на Ред Бул и светски шампион во последните четири години, ја обезбеди пол-позицијата пред неделната вечерна трка за Големата награда на Саудиска Арабија.

Верстапен ја освои пол-позицијата откако Ландо Норис, кој имаше најдобар учинок во официјалните квалификации, удри во бариерата, па возачот на Мекларен Мерцедес официјалната трка ќе ја започне од десеттата позиција.

На Верстапен во првиот ред ќе му се придружи тимскиот колега на Норис, Австралиецот Оскар Пјастри, додека во вториот ред ќе бидат Џорџ Расел во Мерцедес и Шарл Леклер, возачот на Ферари. Петти во квалификациите беше Кими Антонели во Мерцедес, шести Карлос Саинц, возач на Вилијамс, а седми Луис Хамилтон, возач на Ферари.

По четири трки досега, возачите на Мекларен Мерцедес се на врвот во генералниот пласман, Норис има 77 бодови, а Пјастра со 74. Верстапен моментално е на третото место со 69 бодови.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија започнува во недела во 19 часот.