
Данецот Холгер Руне е победник на АТП 500 тенискиот турнир во Барселона, победувајќи го во финалето повредениот Шпанец Карлос Алкараз со 7-6(6), 6-2.
За Данецот ова беше петта турнирска победа во кариерата. 21-годишниот Руне беше поконцентриран во првиот сет од финалето на турнирот со награден фонд нешто под 2,9 милиони евра, а во вториот Шпанецот мораше да земе лекарска пауза поради проблем со ногата, а потоа со малку ограничено движење повеќе не можеше да му парира на Руне.
Ова беше прва победа на Данецот на турнирите на највисоко ниво по две години, кога триумфираше во Минхен. Потоа претрпе три последователни пораза на последниот подиум на турнирот, за денеска да може да се радува на петтиот трофеј во кариерата. Во Барселона го играше своето 11-то финале.
Алкараз во 24-то финале по шести пат остана со празни раце. Пред една седмица беше најдобар на Мастерсот во Монте Карло, што беше негова втора победа годинава по февруарското славје во Ротердам.
Дваесет иедногодишниот играч од Мурсија во понеделник ќе падне на третото место на обновената ранг-листа, бидејќи ќе биде претекнат од Германецот Александар Зверев, победник на турнирот во Минхен. Руне ќе се врати во првите десет и во понеделник ќе биде деветтиот играч во светот.