
Австралиецот Оскар Пјастри победи на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во неделата и го презеде водството во светскиот шампионат во Формула 1 од тимскиот колега од Мекларен, Ландо Норис со својата трета победа во првите пет годинешни трки.
„Беше доста тешка трка. Многу сум среќен што победив. Ја направив разликата на стартот. Дефинитивно една од најтешките трки што сум ги имал во кариерата со 50 круга на температури од 30 степени околу супер брза патека“, изјави Пјастри.
Четирикратниот шампион на Ред Бул, Макс Верстапен, беше втор, 2,843 секунди зад Австралиецот, откако стартуваше од пол-позицијата на патеката Корниш во Џеда, но доби казна од пет секунди.
Шарл Леклер беше трет за првиот подиум на Ферари сезонава, при што Норис напредуваше од 10-то на четвртото место.
Џорџ Расел од Мерцедес беше, неговиот италијански тимски колега Кими Антонели шести и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон седми за Ферари.
Победата го направи Пјастри, кој триумфираше во Бахреин минатиот викенд и Кина минатиот месец, првиот Австралиец што води шампионатот по Марк Вебер во 2010 година. Во водство е пред Норис со 10 поени разлика. Пјастри има 99 поени наспроти 89 на Норис и 87 на Верстапен.
Актуелниот шампион во конкуренцијата на консктрутори Мекларен ја зголеми предноста во однос на Мерцедес на 77 поени.