Папата во завештанието потврдил дека сака да биде погребан надвор од Ватикан

Папата Франциско во завештанието потврди дека сака да биде погребан во римската базилика Света Марија Велија (Маџоре), наместо во базиликата на Свети Петар во Ватикан, како и многу претходни папи, објави Ватикан во понеделникот вечерта.

Во својот тестамент, Светиот Отец побарал и тој да биде погребан на едноставен начин и неговото почивалиште да го има само натписот на неговото папско име на латински: Францискус.

„Гробот мора да биде во земја, едноставен, без посебен украс и со само еден натпис: Franciscus“, се наведува во краткото завештание.

Поглавараот на Римокатоличката црква, папата Франциско, со световно име Хорхе Марио Бергољо, почина на 88-годишна возраст во понеделник наутро, а Ватикан вечерта го објави неговиот тестамент.

„Трошоците за подготовка на мојот погреб ќе бидат покриени со донација од добродетел којашто ја пренесов во Папската базилика на света Марија Велика“, се наведува уште во завештанието.

Ватикан, исто така, кусо претходно во понеделникот вечерта објави дека папата починал од мозочен удар што предизвикал кома и неповратно затајување на срцето.