
Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски двете страни да ги запрат нападите врз цивилната инфраструктура, соопшти во вторникот Кремљ.
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа е сложена тема за која претседателот Владимир Путин е подготвен да разговара. Но, тој исто така рече дека во моментов нема конкретни планови за разговори меѓу Русија и Украина.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела се закани дека ќе ги напушти мировните напори, двете страни се под притисок да покажат напредок кон завршување на војната во Украина, која влезе во четвртата година.
Зеленски во понеделникот рече дека Украина е подготвена за каква било форма на комуникација за да ги запре нападите врз цивилната инфраструктура.
„Подготвени сме за каков и да е разговор за да го постигнеме ова и очекуваме јасен одговор од Москва“, рече Зеленски.
На прашањето како ќе одговори Кремљ, Песков рече дека за тоа треба да се разговара земајќи го предвид искуството од 30-часовниот велигденски прекин на огнот што Путин еднострано го прогласи.
Не даде детали за неговата изјава, но двете страни меѓусебно се обвинуваат за бројни прекршувања на примирјето за време на велигденскиот викенд и постојано кршење на мораториумот со посредство на САД за нападите врз енергетските капацитети минатиот месец.
Песков потсетува дека Путин во понеделникот укажа на сложеноста на ова прашање затоа што е неопходно да се разликува кога цивилна цел станува воена цел, а кога не. Имено, како и со години наназад Москва, но и украински цивили, го критикуваат Киев дека борбените позиции, противзодушна одбрана и воени настани ги разместува во густонаселени средини и меѓу чувствителна цивилна инфрастутура како станбени блокови, детски градинки, училишта па и болници земајќи ги цивилите како жив ѕид.
„Цивилен објект станува цел ако таму има непријателски борци, така што тука има нијанси за кои има смисла да се разговара“, рече Путин одговарајќи на новинарски прашања..
Русија постојано изразува подготвеност да преговара со Украина, но Киев го направи тоа правно невозможно по декретот на Зеленски од 2022 година за забрана на преговорите со Путин. Декретот беше донесен откако Русија анектираше четири украински региони, откако беа спроведени референдуми на тамошното мнозинско руско и рускојазично анселение кои не ги признава поголемиот дел од меѓународната заедница.
Ако Украина сака да разговара, тогаш треба „правно да ги отстрани пречките за овие контакти“, рече Песков посочувајќи го овој правен момент како прв чекор. Имено, и претходно високорангирани фунцкионери на Москва предупредуваа дека за секој договор мора да се отстранат сите пречки за негово правно оспорување од подоцнежните политички актери.