
Цените на нафтата паднаа на 67 долари на меѓународните пазари во средата, откако Казахстан го продлабочи конфликтот со група водечки производители навестувајќи ја зголемената понуда, туркајќи ја во втор план загриженоста за испораките од Иран.
На лондонскиот пазар со барелот нафта попладнето се тргуваше по 39 центи пониска цена од вчерашното затворање на пазарот од 67,05 долари. Речиси за исто толку поевтини и на американскиот пазар каде цената му падна на 63,27 долари.
Во засебен извештај Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) извести дека барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во вторникот поскапел за 29 центи на 69,94 долари.
Претпладневното тргување беше обележано со загриженоста на трговците за новите американски санкции кон Иран. Загриженоста за иранските испораки на нафта накратко ги придвижи цената на нафтата близу 69 долари. САД во вторникот воведоа санкции на ирански бродски магнат чија мрежа обезбедува инфраструктура за тргување со ирански течен нафтен гас и сурова нафта во вредност од стотици милиони долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп посебно сигнализираше дека може да ги намали царините за увоз од Кина, потврдувајќи ја својата подготвеност да преговара. Неговата порака ги охрабри инвеститорите, зголемувајќи ги цените на нафтата. Кинеското Министерство за надворешни работи во средата одговори дека САД треба да престанат да се закануваат доколку сакаат трговски договор.
Попладнето вниманието на трговците го привлече изјавата на новиот казахстански министер за енергетика за производството на нафта. Приоритет на Казахстан во производната политика ќе бидат националните интереси, а не оние на групата OPEC+, изјави министерот Ерлан Акенженов за Reuters.
Неколку членки на групацијата која ги вклучува и големите независни производители предводени од Русија, вклучувајќи го и најголемиот производител на OPEC, Саудиска Арабија, беа лути поради зголемувањето на производството во Казахстан, изјавија за Reuters три изворa од ОPEC+ во март.
Министерот Акенженов, исто така, рече дека Казахстан не може да го намали производството на нафта во три големи проекта, бидејќи тие се контролирани од големи странски компании. Благодарение на проширените полиња, Казахстан произведе рекордно количество нафта во март и уште повеќе ги надмина квотите на OPEC+, изјавиле два извора за Reuters пред околу еден месец.
ОРЕС и неговите сојузници, вклучително и Казахстан, одлучија постепено да ја нормализираат понудата, по доброволната одлука за намалување за да се одржи чекор со ослабената побарувачка.