
Гледаноста на драмата „Конклава“ во режија на Едвард Бергер, со Ралф Фајнс, на стриминг услугите е зголемена за 283 отсто по смртта на папата Франциско, покажаа податоците од порталот Luminate во средата.
Филмот „Конклава“, кој доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио, беше гледан околу 1,8 милиони минути на 20 април, денот кога почина папата.
До крајот на следниот ден, бројките за гледаност се зголемија на 6,9 милиони минути, објави порталот кој ги следи показателите за гледаноста.
Филмот ги следи превирањата меѓу кардиналите за време на изборот на нов папа.
Расте и гледаноста на „Двајцата папа“, драма од 2019 година на бразилскиот режисер Фернандо Меирелес. Филмот прикажува измислен дијалог меѓу папата Бенедикт Шеснаесетти, пред „абдикацијата“ и тогашниот надбискуп на Буенос Аирес, Хорхе Марио Бергољо, идниот папа Франциско.
Филмот на денот на смртта на Франциско бил гледан 417 пати повеќе од претходниот ден, мерено во минути. .