Куп на Италија: Милан го исфрли Интер

Фудбалерите на Милан се пласираа во финалето на Купот на Италија откако како гости го совладаа градскиот ривал Интер со 3:0 во реванш полуфиналниот натпревар. Во првиот натпревар Милан и Интер одиграа нерешено 1:1.

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ го предводеше Милан до победа во реваншот. Првиот гол Јовиќ го постигна во 36. минута, кога беше највисок во скокот по центаршутот на Алехандро Хименез, а српскиот напаѓач го постигна и вториот гол на натпреварот во 50. минута, кога беше највисок по удар од корнер. Конечниот резултат го постави Тијани Рејндерс во 85. минута.

Милан досега 14 пати го освојуваше Купот на Италија, а последен пат го подигна трофејот во 2018-та. Противникот во финалетоќе го дознае во четврток за кога е закажан реваншот меѓу Болоња и Емполи. Во првиот натпревар Болоња победи со 3:0 на гостински терен.

Финалето на Купот на Италија ќе се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим на 14-ти мај.