
Забелешката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Крим не е тема на разговор е целосно во согласност со позицијата на Русија по ова прашање, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ова целосно се усогласува со нашето разбирање и со она што го зборуваме подолго време“, нагласи портпаролот на рускиот претседател како одговор на прашање.
Трамп претходно изјави дека изјавата на Вoлoдимир Зеленски за „Волстрит журнал“ дека Украина нема да го признае Крим како дел од Русија е штетна за мировните преговори бидејќи „Крим е изгубен за Украина пред повеќе години“ и „не е ни точка за дискусија“.
Пред 11 години, Република Крим и градот Севастопол повторно се обединија со Русија врз основа на исходот од референдумот одржан на 16 март 2014 година, по државниот удар во Украина. Повеќето гласачи ја поддржаа идејата за повторно обединување (96,7% во Крим и 95,6% во Севастопол), при што излезноста на гласачите достигна 80%. На 18 март 2014 година, рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на Крим и Севастопол потпишаа договор за интеграција на двата региони во Русија, кој беше ратификуван од Федералното собрание (парламентот) на 21 март 2014 година.