Болоња го потврди пласманот во финалето на Купот на Италија

Фудбалерите на Болоња го потврдија своето место во финалето на Купот на Италија со победа од 2:1 (1:1) дома против Емполи, надопплнувајќи го триумфот од 3:0 од првиот натпревар во Емполи пред 23 дена.

Болоња поведе веќе во 7. минута по одличниот центаршут на хрватскиот интернационалец Никола Моро кој буквално ја погоди главата на Џовани Фабијан, кој ја затресе мрежата на гостите. Виктор Коваленко го израмни резултатот на 1:1 во 33. минута, а Тијс Далинга ѝ ја донесе победата на Болоња во 86. минута.

Болоња ќе игра во финалето на 14 мај на стадионот „Олимпико“ во Рим против Милан, кој го елиминираше градскиот ривал Интер во полуфиналето од кое реваншот се играше во средата.

Во тоа финале, играчите на Болоња ќе имаат можност да дојдат до третата титула во Купот во клупската историја, а прва од 1974 година. Милан досега 14 пати го освојуваше Купот на Италија, а последен пат го подигна трофејот во 2018-та.