
На валутните пазари во претпладневно тргување во петокот, благо се зголеми вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 99,78 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето беше 99,70 поени.
Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 142,80 на 143,70 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1330 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,1335 долари.
Цените на нафтата, пак, се зголемија. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,65 проценти, на 66,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,72 проценти, на 63,25 долари.