
Пејачот на „The Twist“, Чаби Чекер, поп-ѕвездата Синди Лопер и гранџ-рок-групата Soundgarden се меѓу изведувачите избрани за приме во Куќата на славните на рокенролот оваа година.
Водителот на „American Idola“, Рајан Сикрест, ги објави номинираните за 2025 година за време на музичкото шоу на телевизиската мрежа ABC News во неделата.
Други уметници избрани за Куќата на славните на рокенролот (Rock Hall) во Кливленд се англискиот рок бенд Bad Company, хип-хоп групата Outkast, починатиот рок и блуз пејачот Џо Кокер и гараж-рок дуото The White Stripes/
Церемонијата ќе се емитува во живо на Disney+ од Лос Анџелес на 8-ми ноември.
Номинираните уметници беа избрани од обожаватели и стручњаци од музичката индустрија. За да ги иполнат условиуте, уметниците мора да го имаат објавено својот прв комерцијален запис пред најмалку 25 години.
Пејачот и танчер, сега 83-годишната Чекер, е познат по популаризирањето на различни танцови стилови, вклучувајќи ги твистот и лимбото во 1960-те.
Бендот Bad Company е формиран во 1973 година и ги сними хитови како „Feel Like Makin’ Love“ од истоимениот албум „Bad Company“.
Британскиот пејач Кокер ги освои музичките листи со песни како „You are So Beautiful“ и „Up Where We Belong“ со Џенифер Ворнс, а е познат по неговата легендарна преработка на песната на Битлси „With a Little Help from My Friends“ изведена во Вудсток.
Седумдесет иедногодишната Лопер се здоби со популарност во 1980-те, за време на златниот период на музичките видеа, со нејзината шарена коса и облека и оптимистички песни како „Girls Just Wanna Have Fun“.
Бендот Soundgarden, дел од гранџ-рок сцената во Сиетл во 1990-те, беше предводен од Крис Корнел, чиј живот заврши со самоубиство во 2017 година.
Бендот Outkast е формиран од Биг Бој и Андре 3000 во Атланта во 1992 година. Детроитските The White Stripes го предводеа оживувањето на гаражниот рок во 2000-те.