Кливленд со тежок пораз го згази Мајами

Кливленд е втората екипа која обезбеди пласман во следната рунда на НБА плејофот, погрижувајќи се за „метла“ третман во серијата со Мајами.

Кавалирс утринава стигнаа до втора гостинска победа и тоа со резултат 83:138, прегазувајќи ги „жешките“ на Флорида и обезбедувајќи си неколку плејоф рекорди.

Разликата од 55 поени е најголема која некоја екипа ја изборила во плејоф натпревар, а Кливленд постави рекорд и во однос на разликата на последните два натпревара, како и во целата серија со Мајами.

Мичел со 22 и Хантер со 19 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Јовиќ бил најефикасен во редовите на Хит со 24 поени.

Кливленд сега ќе го очекува противникот во втората рунда, каде ќе игра со подобриот од серијата на Индијана и Милвоки, во која Пејсерс имаат предност од 3:1.