
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем забележаа убедливи победи во првите полуфинални натпревари од Лига Европа.
Манчестер Јунајтед победи со 3:0 кај Атлетик во Билбао, додека Тотенхем го победи норвешкиот Бодо Глимт со 3:1 во Лондон.
„Црвените ѓаволи“ изненадувачки лесно минаа низ тежок натпревар на гостувањето во Баскија, а сè беше завршено во првото полувреме кога Англичаните постигнаа три гола. Касемиро (30) и Бруно Фернандеш (37пен, 45) постигнаа голови, а Баскијците играа без суспендираниот Дани Вивијан од 36 минута. Интересно е што натпреварот се играше на „Сан Мамес“, стадионот на кој ќе се одржи финалето на Лигата на Европа на 21 мај.
Тотенхем полесно од очекуваното го доби дуелото со најголемото европско изненадување во сезоната, малиот норвешки клуб Бодо Глимт. Брендан Џонсон (1), Џејмс Медисон (34) и Доминик Соланке (61 пенал) постигнаа голови за „Петлите“, додека Улрик Салтнес (83) постигна гол за Бодо.
Реваншите се за седум дена во Манчестер и Бодо.