Топло време до 29 степени, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, максималната дневна од 17 до 29 степени.