
Познатиот американски музичар и поет Боб Дилан ќе ги изложи своите слики во Лондон почнувајќо од мај, кои тој ги опишува како полни со „емоционална резонанца“.
Добитникот на Нобеловата награда за литература ќе изложи 97 оригинални дела во галеријата . Бесплатната изложба се отвора на 9-ти мај.
Изложбата насловена како „Point Blank“ прикажува луѓе додека сворат, двојки, спортисти, простории и места. Сликите на 83-годишниот музичар се засновани на оригинални скици создадени меѓу 2021 и 2022 година.
Потоа Дилан ги обоил овие цртежи за да создаде „живи, дишечки ентитети со емоционална резонанца, бои користени како оружје и создатели на атмосфери, како средства за раскажување приказни“, изјави музичарот.
Меѓу мотивите на сликите се саксофонист кој интроспективно го набљудува својот инструмент и вооружен каубој во зори.
Креативната директорка на „Halcyon“, Кејт Браун, изјави дека овие дела на хартија делуваат „како спомени, недопирливи прозорци во светот и имагинација на еден од најголемите раскажувачи на сите времиња“.
Дилан, добитник на 10 Греми награди, е еден од најценетите музичари на модерната ера и беше примен во Рокенрол куќата на славните во 1988 година.