Агенција „Марили“: 29- то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2025 година

Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат  статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р. Србија и една од  Р. Хрватска.

Агенција „Марили“ годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот на 17.05.2025 (сабота),  во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки ќе бидат прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите се препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот.

Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат  статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р. Србија и една од  Р. Хрватска.

На манифестацијата менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување на жените менаџери, ќе имаат можност да ги слушнат прекрасните музички изведби на младата виолончелистка Ада Богоевска, придружувана на пијано од Марија Богоевска , како и изведба на младата и успешна оперска певица, сопранот Ева Живковска придружувана oд уметничкиот соработник Дарко Мариновски. За комплетно уживање на публиката и оваа година, традиционално, ќе се погрижи незаменливата Ели Танасковска.

Изјава на Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“

„Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е  поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век  и да бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив“, вели генералната менаџерка на агенција „Марили“ и организатор на манифестацијата, Лидија Трипуноска.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Во продолжение список со овогодишните лауреатки:

  1. Анита Атанасовска

Генерален менаџер 

„Супериор Лукс“ Скопје 

  1. Стевка Василева

Генерален менаџер

ПЗУ „Д-р Александар и д-р Методи Белушкови“ Радовиш 

  1. М-р Дафинка Ивановска

Извршен менаџер и Рубинов директор во „тианДе“

„Ревитал Козметикс“ Скопје 

  1. Д-р Оливера Клинчарова

Претседател на Одбор на директори

„Делта ИНС Брокер АД Скопје“  

  1. Д-р Даниела Михајловска

Генерален менаџер

„Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ Скопје и Гостивар 

  1. Елена Лотеска Наумовска

Генерален менаџер

„Брод Армада“ Охрид 

  1. Д-р Маја Петаноска

Бренд менаџер и косопственик

ДПТУ „ДЕРМАЕСТЕТИКА“ ДОО Скопје 

  1. М-р Ирена Миновска – Пехливанова

Стратегиски менаџер

„Авто-Мото Сојуз на Македонија“ – АМСМ 

    1. Арзијана Фејзи

Менаџер за правни работи

„Рамацоти Фуд“ Гостивар 

  1. Јанинка Чупаркоска

Генерален менаџер

„КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци 

  1. Проф. д-р Јана Манева – Чупоска

Визуелен уметник

Претседател на ДЛУМ 

  1. М-р Барбара Оленик Станичиќ

Директор на сектор за Човечки ресурси

Јадран д.д, Цриквеница, Р. Хрватска 

  1. Слободанка Цока Стевиќ

Генерален менаџер и сопственик

ТА „Кондор ТИС“ Лозница, Р. Србија