
Герила акција рано попладнево на плоштад Македонија – човек стои залепен со селотејп и вели дека чека новинари да дојдат за да каже што прави тука.
Непознат маж, со самолеплива лента се залепи за бандера во близина на фонтаната, привлекувајќи големо внимание од минувачите.
На прашања зошто го прави ова, тој одговори дека нема намера да каже се додека не дојдат повеќе новинари.