
Инаугуративна литургија (миса) за понтификатот на новиот папа Лав XIV ќе се одржи во недела 18-ти мај, на Плоштадот на свети Петар, објави Ватикан во петокот.
Се очекува бројни гости од целиот свет да присуствуваат на настанот, десет дена откако првпат Американец, Роберт Френсис Прево(ст) беше избран за духовен водач на околу 1,4 милијарди католици .
Ватикан, исто така, ги изложи сите планирани обврски на Лав XIV. во наредниот период.
Папата треба да ја предводи мисата „Небесната кралица“ во Базиликата на свети Петар во недела, да ги прими претставниците на медиумите во понеделник, претставниците на дипломатскиот кор во петок, а потоа да ја одржи својата прва општа аудиенција во среда, на 21-ви мај.
Претходно во петокот, Лав XIV ја одржа својата прва литургија, за време на која, во согласност со својот претходник Франциско, укажа на падот на верата во полза на „други удобства како што се технологијата, парите, успехот, моќта и задоволството“.
Се молеше неговиот понтификат да ѝ помогне на Католичката црква „да биде светилник што ќе ги осветлува темните ноќи на овој свет“.
Шеесет идеветодишниот папа Лав Четиринесетти беше избран на крајот од брзата дводневна конклава што заврши во четврток попладнето кога од оџакот на Сикстинската капела се издигна бел чад.