
Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп си честитаа преку помошници по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и сојузниците над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави Кремљ во петокот.
„Преку своите соработници, претседателите Путин и Трамп си честитаа меѓусебно по повод нашата заедничка прослава“, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин, за телевизијата Канал 1.
„Тоа беа топли зборови, меѓусебни честитки за нашата заедничка голема прослава“, додаде Ушаков одговарајќи на прашањето какви конкретни честитки си размениле двајцата челници.
Во петокот Русија ја организираше традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва на која присуствуваа бројни странски лидери, вклучувајќи го и кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Руската новинска агенција ТАСС објави дека Лин Трејси, амбасадорката на САД во Русија, не присуствувала на парадата.