
Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 3:1 (0:1) на домашен терен во петокот во првиот натпревар од 36-то коло на италијанската Серија А.
Рикардо Орсолини ги доведе гостите во водство во 49. минута, но пресврт следеше во последните 20 минути од мечот. Санти Хименез беше двоен стрелец за домашната екипа, во 73. и во третата минута од судискотопродолжение, а еден гол постигна Кристијан Пулишиќ во 79. минута.
Милан моментално се искачи на осмото место со 60 бода, а Болоња е на седмото место со 62 бода. Покрај водечката дуо, Наполи (77 бода) и Интер (74), кои се борат за шампионската титула, за преостанатите две места во Лигата на шампионите конкурираат и Аталанта (68), Јувентус (63), Рома (63) и Лацио (63).