ВИДЕО| Маж со нож се закануваше на минувачи на Широк Сокак, полицијата го уапси

Mаж со нож попладнево се шеташе по Широк Сокак во Битола и се заканувал на случајни минувачи.

Полицијата реагирала веднаш, а инцидентотбил брзо решен со апсење на осомничениот.

„Осомничениот е приведен и одведен во полициската станица во Битола. Преземаме мерки за пронаоѓање на оружјето и утврдување на оштетени“, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата работи на расчистување на околностите.