ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби

Фудбалерите на Вардар запишаа гостинска победа во градското дерби против Работнички од 0:1 (0:0) во рамките на претпоследното коло во Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ).

Средбата се одигра на теренот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а единствениот гол го постигна Горан Закариќ од пенал.

„Црвено-црните“ по денешната победа имаат 42 бода на првенствената табела и се петтопласирани, додека Работнички има 56 и веќе е сигурен на третото место.

Резултати од ПМФЛ, 32. коло:

Работнички – Вардар 0:1
Силекс – Пелистер 0:0
Шкупи – Тиквеш 1:1
Струга ТЛ – АП Брера 1:1
Беса – Воска Спорт 3:0 (службено)
Гостивар – Шкендија 0:3 (службено).