
Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат во опсегот од 3 до 12, додека дневните соодветно ќе достигнат вредности од 14 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денекса, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, температурата ќе достигне до 25 степени.