Доларот слабее по два дена раст, цените на нафтата паѓаат

На валутните пазари во средата во раното претпладневно тргување, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна, по двата дена раст.

Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево изнесува околу 100,95 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 101,67 поени.

Истовремено, курсот на американската валута во однос на јапонската се лизна од вчерашните 148,30 на 147,45 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1190 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,1095 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, изгубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,50 отсто, на 66,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,46 проценти, на 63,40 долари.