
Енергетиката не се планира од денес за утре, порача министерката Божиновска во вечерашната Топ тема на ТВ Телма, една година е како една недела, продолжи таа осврнувајќи се на енергетската стратегија на Македонија.
„Секое планирање треба да е долгорочно. Со Законот за енергетика ја отвораме вратата за енергетски зелена и европска Македонија“, ова е само дел од темите за кои вечерва министерката за енергетика, Сања Божиновска зборуваше на Топ тема.
Таа ги појасни и новините во Законот за енергетика каде што се предвидени низа промени со кои се подобрува животот на граѓаните и се штитат ранливите категории граѓани!