
уското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека руските сили зазеле уште две населени места во нивното напредување низ источна Украина, додека Киев не го призна ова, но украинскиот врховен командант рече дека битките се водат по должината на повеќе од 1.100 км од фронтовската линија.
Борбите на фронтовската линија продолжија додека беа договорени можни директни разговори меѓу украинските и руските преговарачи во Турција.
Во соопштението од руското Министерство за одбрана се вели дека руските сили го освоиле Новоолександривка, село во близина на Покровск, логистички центар кој Москва го напаѓаше со месеци.
Министерството соопшти дека неговите сили го зазеле и Торске на североисток, во близина на два други града што Москва сака да ги освои на долг рок, Славјанск и Краматорск.
Покрај тоа, се известува и дека руските сили ги зацврстиле своите позиции во делтата на Дњепар во Херсонската област, појужно, заземајќи ги од украинските единици три речни острова.
Генералштабот на украинската армија, во соопштение доцна во ноќта, ја наведе Новоолександривка како една од десетиците населени места под руски напад. Штабот не ја споменува сиитуацијата во Торск, но популарниот украински воен блог DeepState, кој оперира со разузнавачки и западни информации, објави дека руските сили се обиделе да ја освојат населбата но наводно биле одбиени.
Агенцијата Reuters наведува дека не можела независно да ги потврди извештаите од бојното поле од која и да е страна. Русија, која ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, моментално држи околу една петтина од украинската територија.
Врховниот воен командант на Украина, Aлександaр Сирски, рече дека Киев сака „праведен мир“, но сè уште се соочува со „активни борби што продолжуваат на дел од фронтот што се протега на околу 1.100 км“.
Сирски на состанокот на Советот Украина-НАТО изјави дека Русија „ја претворила својата агресија против Украина во војна на исцрпување и користи комбинирани сили од до 640.000 војници“, тврди Сирски во својата објава на Telegram иако податоците што ги објавува не се совпаѓаат ниту со проценките на неговите западни сојузнници.
По почетното опколување на украинскиот главен град Киев во првите седмици од инвазијата, од каде се повлекоа по веќе постигнатиот договор во Истанбул во март 2022 година кој украинската страна не го испочитува под притисок на тогашните власти на Велика Британија и САД, руските сили ги фокусираа своите напори на Донбас на истокот, кој ги опфаќа регионите Доњецк и Луганск, како и во Херсонската област. Тие веќе неколку месеци заземаат село по село, а украинските сили имаат одреден успех во спречувањето на напредувањето, засега особено околу Покровск.