
Јужноафриканскиот спринтер Акани Симбине го постави најбрзото време во сезоната на 100 метри на атлетски натпревар во Атланта.
Триесет иедногодишниот Јужноафриканец го заврши кралската атлетска дисциплина со време од 9,86 секунди, подобрувајќи го своето најдобро време годинава од априлскиот митинг во Боцвана за четири стотинки од секундата.
Се очекува и атлетската ѕвезда Ноа Лајлс да настапи на турнирот во Атланта. Минатогодишниот олимписки шампион од Париз на 100 метри планираше да се натпреварува на 150 метри, но се откажа од ова натпреварување поради повреда.
Двесет исеудмгодишниот Лајлс се надева дека ќе се опорави на време за Првенството на САД, кое ќе се одржи помеѓу 31 јули и 3 август. Ова натпреварување ќе биде и избор на американски атлетичари кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство оваа година од 13 до 21 септември во Токио.