Земјотрес утринава почувствуван во Македонија

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Центарот за управување со кризи информира дека, Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3.