
Малолетно момче било физички нападнато од двајца свои соученици во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, а кои во инцидентот употребиле и нож, соопшти МВР.
Нападот се случил околу 09.00 часот наутро, по претходно недоразбирање меѓу малолетниците, а случајот бил пријавен во СВР Скопје неколку часа подоцна, во 14.30 часот.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи, без детали за настанот.