
Роби Вилијамс, британската суперѕвезда и поранешен водечки пејач на бендот Take That, објави дека ќе издаде нов албум под наслов „Britpop“ наесен годинава, а првата нумера е веќе објавена.
Водечкиот сингл „Rocket“ содржи гитарски соло свирено од Тони Ајоми од хеви-метал бендот Black Sabbath.
Насловот на албумот намерно евоцира на најславните денови на бритпоп бендовите од 1990-тите како што се Take That, Blur и Oasis, вели пејачот.
„Почнав да работам на албумот што сакав да го напишам и објавам откако ги напуштив Take That во 1995 година“, напиша Вилијамс на Instagram.
„Соработував со некои од моите идоли на овој албум, суров е, има повеќе гитари и е албум кој е уште пооптимистичен и уште похимнички од вообичаеното“, додава Вилијамс.
Вилијамс ги објави и датумите на европската бритпоп турнеја, која засега не вклучува концерти во регионот. Најблиску ќе биде во Трст на 17-ти јули и во Клагенфурт на 14-ти септември.