Повеќе од четвртина од населението на Германија е од странско потекло

Според најновите податоци, повеќе од една четвртина од населението во Германија е од странско потекло, објави во четврток Федералниот завод за статистика.

„Во 2024 година, во Германија живееле 21,2 милиони граѓани со имигрантско потекло, што е 25,6 отсто од вкупниот број граѓани“, објави Федералниот завод за статистика.

Бројот граѓани со имигрантско потекло се зголеми за еден процентен поен во споредба со 2023 година.

Демографите ги вклучуваат граѓаните со имигрантско потекло како луѓе кои самите се преселиле во Германија или луѓе чии родители се преселиле во Германија по 1950 година.

Бројот на оние кои се преселиле самите во Германија се зголемил на 16,1 милиони, што значи дека речиси едно од пет лица во Германија е имигрант.

Уделот на граѓани со имигрантско потекло е особено висок во возрасната група од 20 до 39 години и изнесува 34 отсто.

Од 2015 година, најмногу луѓе имигрирале од Сирија и Украина, но и од Турција, Романија и Полска.