Сигналите на OPEC+ ги турнаа цените на нафтата под 64 долари

Цените на нафтата паднаа под 64 долари на меѓународните пазари во четвртокот, под влијание на индициите дека водечките производители одлучиле да го префрлат својот фокус врз пазарниот удел, што сигнализира значително зголемување на понудата и во јули.

На лондонскиот пазар, со барелот нафта се тргуваше по пониска цена од 1,17 долари отколку на затворањето на тргувањето вчера, на 63,74 долари. За истиот износ, поевтини и на американскиот пазар, каде што се тргуваше за 60,40 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебнпо објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во средата поскапел за 59 центи на 65,60 долари.

Вниманието на пазарот во четврток го привлече информацијата дека OPEC и нејзините сојузници големи независни производител предводени од Русија би можеле значително да го зголемат производството во јули.

Групацијата OPEC+ дискутира за можна одлука за зголемување на производството, што би можела да биде на дневен ред на состанокот закажан за 1 јуни, објави Bloomberg News, повикувајќи се на извори од состанокот. На маса се неколку опции, вклучително и зголемување на понудата за дополнителни 411.000 барели дневно, според Bloomberg News, наведувајќи дека уште не е постигнат договор.

Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман веќе одлучија да ја зголемат понудата во мај и јуни за 411.000 барели дневно, бидејќи билансот на понуда и побарувачка е „здрав“, судејќи според ниското ниво на залихи.

Доколку продолжи со ова темпо, овие осум земји би можеле да вратат на пазарот до ноември 2,2 милиони барели дневно што доброволно ги повлече од понудата за да ги поддржи цените во период на послаба побарувачка.

„Гледаме реакција на пазарот на конкретни докази дека ОПЕК ја напушта својата стратегија за одбрана на цените и се префрла во борба за пазарен удел. Тие се одлучија за брз и жесток метод на отстранување на фластери“, објаснува Хари Чилигиријан од „Onyx Capital Grupe“.

Зголемувањето на залихите во САД минатата седмица, исто така, влијаеше врз цените, бидејќи сигнализира слаба побарувачка.

Залихите на нафта се зголемија за 1,3 милиони барели, објави Министерството за енергетика во среда. Залихите на бензин и дестилати исто така покажаа мало зголемување, за 800 илјади и 600 илјади барели, соодветно.