Голем број училишта во Австрија примиле лажни закани за поставена бомба

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија денеска добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка.

Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција.

Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки.

Закани за поставени бомби во училиште пријавени се и во провинцијата Горна Австрија и во Линц.