Европскиот парламент е на пат да го признае македонскиот идентитет и јазик

Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување на извештај за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи четири места во кои се признава македонскиот идентитет и јазик. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој на 15 јуни 2023 година го призна македонскиот идентитет и јазик со својата резолуција, без одговор од бугарската страна, пишува БГНес.

Понтаму во текстот на оваа новинска агенција се вели:

„Ова е прв случај во кој ЕП ќе признае јазик и идентитет што северномакедонскиот премиер Христијан Мицкоски ги нарекува „вековни“. Признанието ќе биде дадено со следниот извештај на ЕП за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, кој треба да се усвои во јули. Признавањето на јазикот и идентитетот беше постигнато откако главниот известувач – Австриецот Томас Вајц од Зелената партија – постигна консензус со другите седум известувачи „во сенка“ што ги претставуваат политичките семејства во ЕП.

Зелената партија на известувачот Томас Вајц е коалициски партнер со партијата Европска слободна алијанса – ЕСА. ЕСА ги претставува интересите на малцинствата кои бараат регионална автономија, самоуправа или независност во рамките на ЕУ. Меѓу членовите на ЕСА се и забранетата партија ОМО „Илинден“ – Пирин во Бугарија (партијата на Макеоднците-н.з.) и Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија – МАЕИ. МАЕИ го негира постоењето на Бугари во Албанија, иако последниот попис во земјата покажа постоење на над 7 илјади Албанци со бугарски идентитет“.

БГНЕС потсетува дека Уставниот суд во Бугарија ја прогласи ОМО „Илинден“ – Пирин за неуставна, бидејќи „нејзините цели се насочени против единството на бугарската нација, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“. Во своето образложение, Уставниот суд наведува дека крајната цел на ОМО „Илинден“ – Пирин е „формирање на независна македонска држава со одвојување на Пиринска Македонија од Бугарија“.

„Претседател на ИАЕИ – Албанија е Васил Стерјовски, кој цврсто го негира постоењето на бугарско малцинство во Албанија. Тој наведува дека „во Албанија има Бугари само во бугарската амбасада“, нагласувајќи дека Македонската заедница во земјата нема никаква културна, јазична или историска врска со Бугарија.

ОМО „Илинден“ – Пирин и ИАЕИ се коалициски партнери на Зелената партија, на која ѝ припаѓа известувачот на ЕП, Томас Вајц“, се наведува во текстот и понатаму се истакнува:

„Проверката во регистарот на состаноци на ЕП покажува дека од неговото назначување за известувач, Томас Вајц одржал 36 состаноци со властите на Северна Македонија и ниту една со организациите на Бугарите во Северна Македонија.

Na snímke prezidentka SR Zuzana Èaputová (v pozadí) vystupuje s príhovorom pred poslancami Európskeho parlamentu v Štrasburgu v stredu 19. októbra 2022. FOTO TASR – Jaroslav Novák *** Local Caption *** pracovná návšteva príhovor plénum prejav europoslanci

Томас Вајц го одложуваше почетокот на преговорите за извештајот неколку пати, и тие конечно започнаа на 14 мај, а не како што беше планирано – на крајот на март. Над 40 предлози за извештајот беа дадени од бугарските европратеници Андреј Ковачев – ГЕРБ и Ивајло Валчев – ИТН. На денот кога започнаа преговорите, на покана на самиот Вајц, 15 европратеници од Северна Македонија одржаа состаноци во зградата на ЕП, а пред тоа, на 12 мај, министерот за европски прашања Орхан Муртезани го стори истото. Томас Вајц организираше официјален ручек за македонските пратеници со известувачите во „сенка“, на кој бугарските претставници не беа поканети. Кога преговорите започнаа подоцна истиот ден, бугарските европратеници сфатија дека европратениците од Скопјe ги имаат сите свои текстови и предлози однапред. Известувачот Томас Вајц призна дека извештајот „протекол во медиумите во Северна Македонија пред една недела“, што претставува грубо кршење на правилата на ЕП.

Како резултат на постапките на Томас Вајц и успешните лобистички напори на Скопјe, речиси сите текстови на бугарските европратеници беа отфрлени од известувачите, но беа усвоени шест предлози ЕП да го признае македонскиот идентитет и јазик. БГНЕС ги има текстовите за признавање, кои се апсолутно идентични, иако беа предложени од пет европратеници од три различни политички партии – 3 од ЕПП, 1 од социјалистите, 1 од Зелените. До моментот на објавување на статијата, БГНЕС не доби одговор на прашањето како е можно европратениците од различни политички партии да поднесат идентични текстови за македонскиот идентитет и јазик“.

„Дејствијата на Вајц и другите известувачи поставија преседан за ЕП да го признае идентитетот и јазикот на суверена држава. Останува отворено прашањето кој македонски идентитет ќе го признае ЕП, бидејќи според Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија и Грција од 2018 година, терминот „македонски“ се однесува на државјанство, а не на етничка припадност. Истиот договор, исто така, наведува дека македонскиот јазик е дел од словенската јазична група, што го разликува од грчкиот јазик. Слични појаснувања отсуствуваат во извештајот на ЕП. Резервирањата на Бугарија во врска со македонскиот јазик, кој официјално беше кодифициран во 1945 година, исто така се целосно отсутни.

Тврдењата дека македонскиот идентитет и јазик се „стари со векови“ и отсекогаш биле различни од бугарските се основа за негирање на културното и историското наследство на Бугарите“, сметаат од БГНес.

„Тврдењата дека македонскиот идентитет и јазик се „стари со векови“ и отсекогаш биле различни од бугарските се во сржта на негирањето на културното и историското наследство на Бугарите во Северна Македонија од страна на владата на премиерот Христијан Мицкоски. Партијата на чело со која раководи, ВМРО-ДПМНЕ, ја негира заедничката историја меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што е загарантирано во Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.

Признавањето само на македонскиот идентитет и јазик од страна на ЕП ризикува да создаде тензии меѓу граѓаните на Северна Македонија, која официјално тврди дека е мултиетничка држава. Според уставот, народот на Северна Македонија е составен од неколку етнички групи, од кои најголема е албанската. Признавањето само на македонскиот идентитет од страна на ЕП го негира постоењето на други идентитети, вклучувајќи ги и Бугарите, кои треба да бидат признати како составен дел од народот на Северна Македонија.

По состанокот на 14 мај, европратеникот Ивајло Валчев испрати протестно писмо до претседателката на ЕП, Роберта Мецола, во кое сигнализираше дека известувачот Томас Вајц ја нарушува транспарентноста и ја компромитира неутралноста на извештајот на ЕП. Според Валчев, имало непријавени средби меѓу Вајц и македонски функционери во Брисел и во Скопје за време на подготовката на извештајот, како и координација на амандманите од страна на европратениците од три политички групи, повторувајќи ги дословно барањата за „признавање на македонскиот јазик и идентитет“. Според Валчев, известувачот Томас Вајц покажал недостаток на транспарентност, бидејќи многу од средбите не биле регистрирани во Регистарот на транспарентност на ЕП во времето на сигналот, и дека тој дозволил нацрт-извештајот да протече во македонските медиуми. Според Валчев, ова покажува надворешно мешање во внатрешните процеси на ЕУ.

Кратко откако бил даден сигналот на Валчев, Томас Вајц одеднаш ретроактивно регистрирал 31 средба со северномакедонски функционери, претходно посочувајќи само 5. За време на овие средби, Вајц покажал топли односи со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврдел дека во Северна Македонија има „700-800“ Бугари и дека 200.000 Македонци „исчезнале“ во Бугарија во 1960-тите.

Вајц и Мицкоски покажаа блискост и во нивниот став за руската воена агресија врз Украина. Во јули 2024 година Томас Вајц се воздржа од гласање за зголемување на воената помош за Украина, одеднаш повикувајќи се на австриската неутралност. За време на дискусиите за резолуцијата во ООН по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина, Северна Македонија гласаше против текстовите на ЕУ презентирани од Франција со кои се осудува руската воена агресија во Украина. Амандманите беа усвоени од Генералното собрание на ООН, а потоа Мицкоски ја објасни одлуката на неговата земја да гласа против мнозинството земји од ЕУ со стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД.

Извештајот на ЕП треба да биде разгледан од Комитетот за надворешни работи на 4 јуни, а оние што се запознаени со ова прашање велат дека е малку веројатно признавањето на македонскиот идентитет и јазик да биде отфрлено, откако веќе беше усвоено со консензус за време на состанокот на известувачите на 14 мај.

Очигледно, современиот бугарски патриотизам завршува во некое студио, во ходниците на некоја институција или со некоја „лута“ објава на социјалните мрежи. Недостатокот на национални рецептори ги уништува националните интереси на Бугарија“, смета оваа новинска агенција.