
Новак Ѓоковиќ, 38-годишен српски тенисер, без поголеми проблеми го мина второто коло на Гренд слем турнирот во Париз, победувајќи го домашниот играч Корентен Муте со 6-3, 6-2, 7-6(1).
Во третиот сет Муте можеше да го искомплицира натпреварот. Водеше со 4-2, а на 6-5 имаше сет-поен на сервис на противникот. Ѓоковиќ се извлече од сите тие проблеми и стигна до тај-брејкот во кој целосно доминираше, испуштајќи само еден поен и продолжува натаму на париската „црвеница“.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Канаѓанецот Денис Шаповалов и Австриецот Филип Мишолиц.
Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос трипати во кариерата, беше најдобар во 2016, 2021 и 2023 година, а славеше и на париска земја минатата година кога овој тениски комплекс беше домаќин на Олимписките игри.
Во италијанскиот дуел, Флавио Коболи беше подобар од Матео Арналди со 6-3, 6-3, 6-7(6), 6-1, па сега ќе се соочи со третиот носител Германецот Александар Зверев. Претходно во четвертокот Зверев го загуби првиот сет, но потоа рутински го победи Холанѓанецот Јеспер де Јонг со 3-6, 6-1, 6-2, 6-3.