
Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, 26-годишниот Мартин Зубименди треба само уште да ги помине медицинските прегледи за да го комплетира трансферот во лондонски Арсенал, објавија британските медиуми.
Договорот на шпанскиот интернационалец со Реал Сосиедад истекува во јуни 2027 година, а лондонски „Топчиите“ ќе мора да платат отштета од 60 милиони евра. Клубовите се согласија и за ратите за плаќање на отштета.
Зубименди дојде преку младинската академија на Реал Сосиедад. Фудбалските експерти го фалат прегледот на играта на Зубименди и неговата способност да види како ќе се развива нападот дури и пред топката да стигне до него.
Тренерите велат дека тој ги прави своите соиграчи подобри и дека секој би го сакал во својот тим. Европските гиганти како Ливерпул, Реал Мадрид и Барселона, исто така, беа заинтересирани за него.