Барселона преговара со Парти

Шпанскиот шампион Барселона започна преговори со играчот од средниот ред 31-годишниот Томас Парти, чиј договор со Арсенал истекува на крајот од јуни, објавија британските медиуми.

Тренерот Ханси Флик би сакал да го види ганскиот интернационалец во дресот на „Блауграна“. Парти е исто така интересен за Барса бидејќи ќе биде слободен агент и би можел да се приклучи на каталонскиот клуб без да плати обештетување.

Парти е најсоодветен како коректор на средниот ред, а во Арсенал пристигна пред пет сезони од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 50 милиони евра. Тој би сакал да остане со „Топчиите“, но не е подготвен да се согласи на намалување на платата и затоа нема напредок кога станува збор за нов договор со лондонскиот клуб. Исто така, постои можност тој да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.