
Наводите на СДС дека е набавен софтвер за прислушкување во МВР се невистина и брутална лага. Очекуваме СДС да се извинат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наводите на СДС дека е набавен софтвер за прислушкување во МВР се невистина и брутална лага. Очекуваме СДС да се извинат.
Софтверите се набавуваат за системот за форензика кој е набавен од СДС кога тие биле на власт.
Многу добро знае СДС дека инсинуациите од денешниот прес им се целосна измислица, но жално е како мислат дека го лажат народот.
Да потсетиме дека СДС е партија која многупати до сега е осудена за клевети и партија која нена никаков проблем да лаже и клевети за да растура пердуви.
Многу добро знае СДС дека инсинуациите од денешниот прес им се целосна измислица, но жално е како мислат дека го лажат народот.
Да потсетиме дека СДС е партија која многупати до сега е осудена за клевети и партија која нема никаков проблем да лаже и клевети за да растура пердуви“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
од СДСМ денеска обвинија дека на почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.
„Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО?
Софтверот „Селебрајт Инсајтс Про” како и „НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.
Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти“, соопштија од СДСМ.