
Полските безбедносни служби уапсија 19-годишен маж осомничен за планирање терористички напад, изјави во четврток портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Јацек Добжински.
Осомничениот, заедно со уште двајца претходно повеќепати апсени мажи, собирал информации за пиротехнички средства и бил особено инспириран од постапките на масовните убијци, вклучувајќи го и оној на Норвежанецот Андерс Брејвик, напиша Добжински на X.
„Групата била фасцинирана од нивната идеологија. Ги анализирале начините на кои таквите луѓе ги изведувале нападите, како и грешките што притоа ги напавиле“, рече министерот.
Осомничените собирале информации за ракување со огнено оружје, позиции за пукање и борбени операции на отворени и затворени простори. Тие редовно вежбале на стрелишта и биле заинтересирани за воено-тактичка обука, покажака истрагата водена во северниот град Олштин.
За разлика од повеќето други европски земји, Полска не доживеала терористички напад во својата модерна историја.