
ЕУ префрли милијарда евра макрофинансиска помош на Украина, со што вкупните трошоци за поддршка на Киев од почетокот на војната достигнаа 150 милијарди евра, објавипретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на X.
„Денес исплаќаме нови милијарда евра на Украина, со што нашата вкупна поддршка достигна речиси 150 милијарди“, напиша таа.
Премиерот на Украина Денис Шмихал потврди дека Украина добила уште милијарда евра од Европската Унија, пари од профитот од замрзнатите руски средства.
Шмихал изјави дека 1 милијарда евра е петтата транша од макрофинансиската помош од ЕУ во рамките на иницијативата ЕРА. Средствата ќе се користат за клучни расходи на државниот буџет.
Премиерот изјави дека Украина веќе добила 7 милијарди евра од ЕУ во рамките на иницијативата ЕРА. Овој ресурс е обезбеден од приходите од замрзнатите средства на Русија.
ЕУ може да издвои до 9 милијарди евра за воена помош за Украина во 2025 година, како дел од поддршката обезбедена од замрзнатите руски средства.
Дискусијата за механизмот ЕРА доаѓа откако Европската Унија го критикуваше планот на нејзината главна дипломатка, Каја Калас, да издвои милијарди евра за оружје за Украина, наведувајќи го недостигот на специфични механизми за имплементација.