
Британецот Џорџ Расел од тимот на Мерцедес го постави најбрзото време во квалификациите за Големата награда на Канада од Светското првенство во Формула 1 втора година по ред и ќе стартува од првата стартна позиција на трката в недела.
На Расел во првиот ред ќе му се придружи четирикратниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), додека Австралиецот Оскар Пјасти (Мекларен), лидер во овогодинешниот пласман на Светското првенство, ќе стартува од вториот ред заедно со Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес).
Трката е закажана за недела во 20 часот.