Голд куп: Мексико стартуваше со победа

Мексиканската фудбалска репрезентација ја победи Доминиканската Република со 3:2 во Групата А од КОНКАКАФ – Златниот куп, односно турнир на Северна, Централна Америка и Карибите, одигран во калифорниски Инглвуд.

Напаѓачот на Вест Хем, Едсон Алварез, постигна два гола и имаше една асистенција за Мексико, а Раул Хименез од Фулам го постигна уште еден. Питер Гонзалез и Едисон Аскона беа стрелци за Доминиканската Република, која првпат се квалификуваше за Златниот куп.

Во групата се и Суринам и Костарика.