Мицевски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

СДС нека се обрати најпрвин до Филипче, Заев, Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ, Спасовски, Ахмети и дружината за секое злодело што е направено во државава изминативе 7 години, а за некои и подолго. Истовремено, додека тие посочуваа кабел за виновник за модуларната болница, тука има правда втемелена на наоди на обвинителство и полиција кои работеа, работат и слободно без притисоци. Работат без штитење на функционери како што впрочем Заев на времето го штитеше Филипче, Анѓушев, Артан, Бујар, Блерим, Мерко, Муса, разни внуци, пуцковци, грчевци, барони, арачиновци и други бандитски ликови од други различни партии, етнички групи кои сложно ја уништуваа државата, ги руинисаа институциите и го разочараа и ограбуваа народот, рече во одговор на новинарско прашање, Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.